Поврзете се со нас

Англија

Де Ѕерби збесна поради еден потег на менаџерот на Брентфорд, играчите спречуваа инцидент (Видео)

Објавено

на

Новото премиерлигашко коло беше отворено со петочниот дуел меѓу Брентфорд и Брајтон, а во него домаќините стигнаа до посакуваната победа со резултат 2:0.

Натпреварот беше одбележан со уште една добра партија на Иван Тони за кого фановите бараат да има сигурно место во англиската репрезентација, но и со дуелот меѓу менаџерите на двете екипи.

Италијанецот Роберто Де Ѕерби не можеше да издржи кога неговиот колега Томас Франк имаше контакт со фудбалер на Брајтон, што донесе ескалација на ситуацијата и фудбалерите мораа да ги одделуваат менаџерите.

– Не сакам кога другите тренери ги допираат моите фудбалери кога разговараат со нив. Јас не го правам тоа,- изјавил Де Ѕерби, кој помина со жолт картон за овој инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни