Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски со најдобар пласман во ТЦР Европа, Џиролами ја заокружи одличната трка за ПСС Рејсинг во Франција

Објавено

на

Виктор Давидовски и Франко Џиролами ги освоија четвртото и петтото мето на трката на патеката „Пол Рикар“ во рамките на ТЦР Европа шампионатот.

Возачите на македонскиот тим ПСС Рејсинг стартуваа од првото и второто место на денешната трка, но послабиот старт им овозможи на Џими Кларе и Микел Аскона да ги преземат првите две позиции, кои тие не ги испуштија до крајот на трката.

Хондите на Давидовски и Џиролами се тркаа со тежински баласт од 40 килограми, цела трка водеа жестока битка со ривалите кои имаа слични перформанси, а Давидовски до претпоследниот круг беше на третата позиција, но не успеа да ја задржи во дуелот со Семи Тауфик, кој избори место на победничкиот подиум.

За Давидовски ова е најголем успех и најдобар пласман откако се натпреварува во ТЦР Европа.

Одличниот пласман во Франција носи и многу поени за членовите на ПСС Рејсинг, па така Давидовски заработи 27, додека Џиролами освои 24 поени од оваа трка.

Давидовски исто како вчера го освои трофејот во „diamond“ конкуренцијата, а победник на трката беше Џими Кларе пред Аскона и Тауфик.

На вчерашната прва трка на „Пол Рикар“, Џиролами го освои седмото, а Давидовски заврши на осмото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни