Поврзете се со нас

Италија

Дармијан: Критиките се нормални кога играте за Интер, сакаме да имаме…

Објавено

на

Тимот на Интер ги нема посакуваните резултати во изминатиов период каде доживеа три порази на последните четири натпревари, а тоа го запали црвено светло и клубот одржа итен состанок на кој освен играчите присутни беа стручниоот штаб на чело со тренерот Симоне Инѕаги и директорите.

Секако целта е да се надмине оваа криза, да се подобра резултатите почнувајќи од средбата со Торино која е закажана за утре од 18 часот.

Дефанзивецот Метео Дармијан ги прифаќа критиките, но е убеден дека тимот ќе има одлична сезона.

-Ќе биде избалансирана сезона и ние сме убедени во нашите квалитети. Сакаме да имаме одлична сезона и кога играте за врвен клуб како Интер, критиките се нормални, особено по лошите резултати. Ќе ги искористиме за да се подобриме, но и да си ги затнеме ушите и да тргнеме по својот пат, -порача Дармијан за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни