Боречки спортови
Дана Вајт му закажа нов УФЦ спектакл на Волкановски, Топурија му се закани на „Александар Велики“ (Фото)

Александар Волкановски беше дел од последниот УФЦ спектакл во Абу Даби и претрпе болен пораз од Ислам Махачев, но фантастичниот борец со македонско потекло сега се враќа во својата категорија и ќе биде дел од нова мега-борба во месец февруари наредната година.
Дана Вајт како прв човек на УФЦ ја соопшти веста која сите сакаа да ја чујат, односно најави дека Волкановски ќе ги одмери силите со Илија Топурија во биката за шампионскиот појас во перо категорија.
Волкановски досега важи за неприкосновен крал во оваа класа и ќе влезе како борец кој ќе го брани шампионскиот појас, а предизвикувач ќе му биде Грузиецот со шпански пасош.
Топурија има 26 години и бележи страшен раст во октагонот, па во месец февруари ќе го предизвика Австралиецот кој е горд на своите македонски корени.
Вајт во својата објава нагласи дека борбата нема да се одржи во Лас Вегас, а како домаќин го најави градот Лос Анџелес. По неговата објава, пристигнаа и првите реакции за најавениот УФЦ спектакл, а Топурија прв почна со провоакциите.
– 15-та ружа. Мојата прогноза е дека ќе победам во првата рунда, кој е вашиот тип?, – порача Топурија.
The fifteenth rose🌹
My prediction is a first round finish, what's yours?#AndNew #IliaTopuria #ElMatador #UFC pic.twitter.com/9yveEXt7FM
— Ilia Topuria (@Topuriailia) November 6, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари