Поврзете се со нас

Европски првенства

Даф за црвениот картон на Криховијак: Судијата очигледно играл само тенис

Објавено

на

Полска го започна Европското првенство со пораз од Словачка, а клучен момент на натпреварот беше црвениот картон на Криховијак.

Во вториот дел Полјаците израмнија и притискаа за целосен пресврт, но тогаш дојде вториот жолт картон на Криховиак и одлуката на судијата да го испрати во соблекувалната.

Како дел од стручните коментатори за ова ЕП, поранешниот ирски репрезентативец Демијан Даф излегол со интересен став на националната телевизија во својата земја.

– Црвениот картон значеше крај на амбициите за полската репрезентација, навистина е тешко да се игра со фудбалер помалку.

– Сепак, сметам дека мора да се менува ВАР протоколот и судиите да можат да ја прегледуваат снимката при покажување втор жолт картон, кој значи автоматско исклучување. Го велам затоа што е вистински нонсенс да исклучите фудбалер поради таков старт.

– Првиот жолт картон беше заслужен, но ова беше само судир со телата. Очигледно дека судијата во својот живот играл само тенис, а не фудбал, со тој картон влијаеше на резултатот и за мене тоа е неприфатливо. Во ваква ситуација мора да ја прегледа снимката, – изјавил Даф.

Словачка набргу по исклучувањето го постигна вториот гол и победи со 2:1 на дуелот со Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни