Поврзете се со нас

АБА лига

Црвена Звезда ја одбрани титулата во АБА лигата

Објавено

на

Црвена Звезда победи во петтиот решавачки натпревар против Партизан (80:77) во финалето на плејофот на АБА лигата и успеа да ја одбрани титулата во кошаркарската регионална лига.

Вообичаено за големото белградско дерби, мајсторката донесе проблеми во однос на однесувањето на навивачите, па судиите решија да побараат празнење на салата на стартот на третиот период.

Двете екипи го продолжија мечот во егал ситуација, а по многу промени на водството, Црвена Звезда почесто беше во минимална позитива во финишот, за на крајот и да го добие дуелот со 80:77 за победа од 3:2 во големото финале.

Давидовац со 15 и Волтерс со 12 поени беа најдобри реализатори кај победникот, додека Пантер со 27 поени беше далеку најпрецизен кај Партизан и воопшто на теренот.

За Црвена Звезда ова е шеста титула по ред во АБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни