Поврзете се со нас

Германија

Чупо Мотинг изведе генијален потег во убедливата победа на Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен стави крај на лошите резултати од рестартот на сезоната во Германија, па по три реми исходи во низа, вечерва славеше во Купот над Мајнц.

Дебито на Жоао Кансело донесе многу поенергична и подинамична игра од избраниците на Нагелсман, но мора да се напомене дека шоуто го украде Чупо Мотинг.

Напаѓачот го отвори резултатот по додавање на Кансело со одлична реализација, но потегот на мечот беше неговото додавање во продолжението.

Чупо на генијален начин го проигра Лерој Сане кој погоди за 0:3, а пред него во листата на стрелците се запиша Мусиала.

Овој резултат беше активен во првиот дел, додека во второто полувреме конечните 0:4 ги постави Алфонсо Дејвис, резултат со кој баварците се пласираа во четвртфиналето на Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни