Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Челси го освои „Сан Сиро“, ПСЖ повторно не ја доби Бенфика, Реал се спаси во Варшава

Објавено

на

Фудбалерите на Челси славеа над Милан со 2-0 во дербито на вечерта во Лигата на шампионите.

Англискиот претставник по вторпат беше подобар од италијанскиот првак овојпат на „Сан Сиро“ со погодоците на Жоржињо од пенал и Обамејанг, голови кои дојдоа откако „росонерите“ останаа со играч помалку по исклучувањето на дефанзивецот Томори.

Во истата оваа група Динамо Загреб и Салцбург одиграа без победник 1-1. Репрезентативците Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери, но беа заменети во второто полувреме.

Челси со 7 бода е прв, потоа следи Салцбург со 6, па Милан и Динамо со по 4 поени.

Пари Сен Жермен одново не ја совлада Бенфика или поточно овојпат на „Паркот на принцовите“ одигра со истиот резултат како во Лисабон 1-1. Двата гола паднаа од пенал, Мбапе беше прецизен за домаќините, Жоао Марио за гостите.

Борусија Дортмунд и Севилја ремизираа (1-1), Лајпциг беше подобра од Селтик со 2-0, додека Реал во последен момент избегна пораз во мечот со Шахтјор Доњецк. Дефанзивецот Ридигер погоди во 95 минута за конечени 1-1 во Варшава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни