Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави по големата победа во Париз: Посебно сум горд на тројца играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес најави дека овој тим на Барселона не се навраќа на минатото и дека има за цел да се прикаже во што подобро светло во Европа, а таквите негови најави се остварија на дело на „Паркот на принцовите“.

Барса покажа зрелост и карактер во второто полувреме кога најпрво ја испушти позитивната, но со храбра и сталожена игра се врати во водство и на крајот победи со 2:3.

Ова е голем триумф за избраниците на Чави во пресрет на реваншот кој се игра наредната недела, но тренерот смета дека работата не е завршена и дека допрва ќе следи најтешкото.

– Ова беше голема победа на многу тешко гостување во Лигата на шампиони. Игравме добро, одлично се браневме и напаѓавме кога требаше. Тактички бевме многу добри, тие во продолжение променија доста играчи, но ние одлично го чувавме Мбапе. Создадовме многу шанси, а Рафиња и Левандовски ја направија разликата во нападот. Педри исто така многу ни помогна кога влезе во игра. Навистина сум среќен и горд сум на мојот тим. Сепак, ова е само половина пат, не чека многу тешка работа на реваншот во Барселона, – изјави Чави, кој сепак посебни ги издвои тројцата младинци кои истрчаа на теренот.

– Треба да бидеме посебно горди на Јамал, Кубарси и Фермин. Тоа се играчи кои доаѓаат од Ла Масија и кои ја претставуваат Барселона во вистинска смисла на зборот. Тоа прави да бидат уште повеќе попосветени на клубот. Ова е една нова Барса и среќен сум како се развиваме. Тимот е на вистинскиот пат, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни