Поврзете се со нас

Македонија

Борец ја потврди тренерската смена и го ангажираше Николовски

Објавено

на

Борец е блиску до опасната зона во Првата македонска фудбалска лига и вчера претрпе елиминација во Купот од Струга во еден од четирите натпревари кои завршија со пенал рулет, а последниот пораз резултираше со тренерска смена која денеска беше потврдена од клубот.

Борче Христов беше ослободен од своите ангажмани во велешкиот клуб и ова попладне пристигна официјално соопштение за разделбата, но и за експресниот ангажман на нов фудбалски стручњак.

Нов предводник на велешани ќе биде Јане Николовски, а целта сигурно ќе биде тимот да влезе во позитивна серија и да побегне од опасната зона на табелата.

– Јане Николовски е нов тренер на ФК Борец 1919. Николовски последно беше тренер во Слога Виница, а инаку беше на чело и на Победа, Хоризонт Турново.

– Му благодариме на Борче Христов за претходниот ангажман во ФК Борец 1919, – гласи објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни