Поврзете се со нас

Македонија

Белица по 12 години се врати во Работнички, „романтичарите“ го задржаа и Биала

Објавено

на

foto: www.fkrabotnicki.com

Македонскиот прволигаш Работнички продолжува да го формира тимот за престојната сезона, па така е обезбеден потписот на дефанзивецот Егзон Белица.

Белица пред повеќе од една деценија или поточно 12 години го носеше дресот на „романтичарите“ по што преку Охрид, Конкордија, Шкендија, Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина се врати во Дебар Маало.

Тој потпиша двегодишен договор.

Во исто време клубот информираше дека е продолжена соработката со Марселин Гандо Биала до јуни 2025 година.

Минатата сезона одигра 24 средби за Работнички на кои даде 6 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни