Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона знае кој ќе биде наследникот на Бускетс (ВИДЕО)

Објавено

на

Серхио Бускетс е во последната година од договорот со Барселона и е многу веројатно токму оваа кампања да биде негова завршна во дресот на прволигашот од Каталонија.

За ова се свесни и во клубот и веќе се размислува за негов наследник, човек кој ќе може да го пополни неговото место иако тоа ќе биде доста тешко со оглед на квалитетите на Серхио и се што направи во изминатиов период за тимот, но и за шпанската селекција.

Според „Мундо Депортиво“ Бускетс може да биде заменет со 23-годишниот член на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Тој иако е млад веќе има одиграно 100 мечеви за баскијците само во Примера што секако говори за тоа каква улога има во составот од Сан Себастијан.

Тој има договор до 2025 година и откупна клаузула од 60 милиони евра, но Сосиедад преговара и му нуди продолжување на соработката што сигурно би донела и повисока клаузула.

Токму викендов Барса се соочува со Сосиедад, па Мартин ќе има шанса да се покаже и да го убеди Чави Ернандес уште еднаш дека е фудбалер за неговата екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни