Поврзете се со нас

Италија

Барселона конечно најде тим за Умтити, но не и решение за неговата плата

Објавено

на

Самуел Умтити се претвори во голем товар за Барселона, а шпанскиот клуб конечно нашол опција за Французинот кој ќе го напушти „Камп Ноу“.

Медиумите објавија дека Умтити ќе ја засили одбраната на повратникот во Серија А, екипата на Лече, каде барем ќе има гарантирана минутажа и повторно ќе може да ја врати посакуваната форма.

Каталонците сепак ќе мора да ја исплаќаат високата плата на Французинот, додека обврска на Лече ќе бидат трошоците поврзани со клаузулата за остварени настапи на Умтити.

Дефанзивецот првично ќе мора да ги мине лекарските прегледи во Италија, а потоа ќе биде промовиран во италијанскиот прволигаш.

„Скај Спорт Италија“ објави дека на одлуката на Умтити влијаел и фактот што тој најави дека сака во иднина да биде тренер, па искуството во Италија ќе му помогне во едуцирањето за следниот чекор во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни