Поврзете се со нас

Свет

Барселона го „шутна“ Миротиќ и ризикува судска парница со неповолен крај (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Иднината на Никола Миротиќ се уште е многу неизвесна, но едно е стопроценти јасно, а тоа е дека нема да продолжи да игра во Барселона.

Каталонскиот гигант уште по крајот на сезоната јасно стави до знаење дека веќе не може да го плаќа црногорскиот центар, кој откако одби да се договори со Барса за раскин на договорот, сега доби шут-карта од клубот.

Барселона еднострано го раскина договорот со својата најголема ѕвезда и ја извести јавноста дека тој повеќе не е член на првиот тим, но со тоа ризикува судска парница и неповолен крај.

Шпанските медиуми најавуваат дека овој спор ќе заврши на суд и Миротиќ ќе си го бара обесштетувањето од договорот кој траеше до 2025-та година, а тоа секако ќе биде проблем плус за Жоан Лапорта.

– Денеска Барселона официјално ги извести претставниците на Никола Миротиќ за раскинување на договорот кој беше во важност до 2025-та година. Оваа мерка се имплементирана поради усогласување со планот за финансиска издржливост на Барселона, – се вели во соопштението.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни