Поврзете се со нас

Италија

Барселона го испраќа Алба во Интер

Објавено

на

Денешниот ден од преодниот рок завршува со изненадувачка вест од Шпанија, која вели дека Барселона се обидува да го испрати Жорди Алба во Интер.

Очигледно Чави не е најзадоволен од искусниот бек и прифатил да се откаже од неговите услуги по доаѓањето на Маркос Алонсо, а на Интер му е потребна дополнителна опција на таа позиција.

Алба ќе се пресели во Италија како позајмен играч, со тоа што Интер ќе исплаќа 60 проценти од неговата плата и на тој начин барем малку ќе го растовари буџетот на Барселона.

Интересно е што потегот е испланиран од клубот и сега Алба треба да даде зелено светло, а шпанските медиуми сметаат дека сигурно нема да му се допадне ваквиот начин на повлекување потези од раководството.

Чави планира на позицијата лев бек да располага со Алонсо и младиот Балде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни