Поврзете се со нас

Балкан

Балотели даде два гола на своето деби, па го „закачи“ Монтела (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели повторно игра во Турција и тоа во тимот во кој претходно имаше одлични настапи Адана Демирспор.

Напаѓачот имаше фантастичен почеток на вториот мандат затоа што даде два гола на своето деби против Аланијаспор во славјето од 4-0.

Балотели беше среќен поради ова издание, головите ги прослави на теренот и надвор од теренот, а дури и издвои време за новиот селектор на Турција, Винченцо Монтела. Поранешниот италијански репрезентативец имаше недоразбирања со Монтела и поради тоа си замина од Адана во 2022 година, па Супер Марио на овој начин сакаше да го поздрави, да му испрати порака со тоа што го тагна на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни