Поврзете се со нас

Италија

Аталанта остана без Ѕапата на подолг период

Објавено

на

Дуван Ѕапата требаше да биде освежување во тимот на Аталанта на дуелот со Калјари, но влегувањето од клупата заврши на најнепосакуван начин, односно со сериозна повреда за Колумбиецот.

Првата ѕвезда на составот од Бергамо одигра нецели дваесет минути во поразот од Калјари, а Аталанта објави дека неговата повреда не е наивна.

Првите прогнози се дека Ѕапата нема да може да му помогне на својот тим наредните три месеци, што значи дека може да го пропушти целиот преостанат дел од сезоната.

Повредата на Колумбиецот го исфрлува Луис Муриел како единствен избор на Џан Пјеро Гасперини на позицијата класичен напаѓач, а Ѕапата ќе го пропушти и претстојното дерби со Јувентус, екипа која во првиот дел беше совладана токму со неговиот погодок.

Ѕапата е најдобар стрелец на Аталанта сезонава со девет постигнати голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни