Репрезентација
Ашаданов пред стартот на квалификациите за ЕП: Одиме на победа во Португалија

Македонската женска сениорска репрезентација утре ќе ги започне квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Во првото коло од групата „Г“, Македонија игра против селекцијата-домаќин, Португалија, а сениорките се веќе во Матошинос, каде утре од 21.30 часот, ќе ги стартуваат квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот на нашиот национален тим, Александар Ашаданов најави дека Македонија ќе брка победа на ова гостување.
„Целта останува иста како и на претходните квалификации, а тоа е да се добијат некои натпревари. Веќе на првиот меч со Португалија, на гости, ќе ја бараме и првата победа. Искрено се надевам дека во овие квалификации ќе ја немаме ‘турбулентноста’ во составот како низ претходните. Односно дека на сите шест натпревари ќе настапиме во полн состав“ – посакува предводникот на сениорките.
Ашаданов смета дека Србија е прв фаворит во групата во која, освен нашата и селекцијата на Португалија е и репрезентацијата на Украина.
„Фаворитската улога во ова друштво ја има Србија, која добро знаеме со каков состав располага, како и нејзината константност да опстојува на врвот на европската кошарка во изминатиов период. Реално, ако се суди споре дмоменталниот квалитет, ние нашите шанси за успех треба да ги гледаме на дуелите со Португалија, а подоцна и со Украина. Признаваме фаворити, но ќе се трудиме да одиграме најдобро што знаеме, и да бидеме подобри во овој квалификациски циклус во однос на претходниот“ – вели македонскиот селектор.
Инаку, за првпат во историјата Европските првенства, во оној женски сегмент, шампионатот ќе се игра во четири држави. Поточно во Италија, Германија, Чешка и во Грција, додека оној финален дел од Евробаскетот ќе се игра во Атина.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг