Поврзете се со нас

Репрезентација

Ашаданов го објави списокот на кошаркарки за соочувањата со Португалија и Србија

Објавено

на

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за стартот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2025 година.

Пред нашата селекција се два дуели со Португалија и Србија, пресметки за кои Ашаданов се реши да повика поголем број на играчи, поточно објави поширок список.

Со оглед на обврските кои ги имаат најголем дел од кошаркарките кои настапуваат во странство, првиот собир селекторот го предвиде за 6.ноември. Во салата на СЦ „Кале “ се предвидени два тренинзи, а веќе наредниот ден следува патување за Порто, а понатаму до Матошинос каде го играме натпреварот против селекцијата на Португалија.

На португалско тло се планирани уште два тренинга, пред мечот со домашната репрезентација кој е закажан да се игра на 9. ноември, (од 20.30 часот).

Три дена подоцна, на 12. ноември, во Скопје (од 18.часот во салата на СРЦ „Кале“), на гости ни доаѓа една од најквалитетните европски селекции – Србија.

Повикани кошаркарки:

Анџелика Митрашиновиќ    Пештански Цајки (Словачка)

Тијана Митрева     Акронос Монкалиери (Италија)

Матеа Николиќ     Пасаласка Рагуса (Италија)

Ивона Кожобашиовска  Виртус Каљари (Италија)

Александра Стојановска     Кортегада (Шпанија)

Нена Трајчевска    ЦБ Архил (Шпанија)

Мерит Хемпе    Валенсија (Шпанија)

Милица Николиќ Вебас (Србија)

Ивана Кметовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Катерина Поп-Димитрова    Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Елена Тасевска      Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Сања Адамовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Илина Селцова      Вардар – Скопје

Ања Начевска        Вардар – Скопје

Марија Димитријевиќ    Вардар – Скопје

Клементина Модева       Струга 2009

Михаела Алексовска      Крива Паланка

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни