Поврзете се со нас

Франција

Асенсио и Мбапе донесоа прва сезонска радост за ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Екипата на Пари Сен Жермен ја прокнижи првата победа во натпреварувачката 2023/2024 во Лига 1.

„Светците“ дури во третото коло дојдоа до првото славје и тоа во дерби пресметката со Ленс која ја реализираа со 3-1. По нерешените средби против Лориент и Тулуз беше сосема јасно дека избраниците на Луис Енрике мора да се прикажат во подобро светло и да ги донесат посакуваните бодови на „Паркот на принцовите“.

Тоа и се случи благодарение на првенецот на Асенсио и двата гола на Мбапе во второто полувреме, поточно во 52 и 90 минута.

Единствениот погодок за гостите падна во судиското продолжение преку Гилавоги.

Во наредната рунда ПСЖ му гостува на Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни