Поврзете се со нас

Англија

Арсенал со понуда што не се одбива до Пјер Емерик Обамејанг

Објавено

на

Од таборот на Арсенал подготвуваат нов договор кој искусниот габонски напаѓач тешко дека ќе го одбие.

Микел Артета во текот на вчерашниот ден говореше дека тој е оптимист околу новиот договор на Обамејанг и пренесе позитивни вест од преговорите меѓу двете страни.

Најдобриот играч на „топчиите“ има уште една сезона од актуелниот договор со клубот и веќе се поврзуваше со трансфер во Барселона, Реал Мадрид или Интер.

Сепак, сега „Телеграф“ пишува дека клубот од Северен Лондон на Обамејанг му нудиплата од 250.000 фунти неделно со што би станал вториот најскап фудбалер во клубот по Месут Озил кој во момнтов заработува 350.000 фунти неделно.

Обамејанг меѓу редови дал дознаење дека би продолжил со клбуот само доколку од Арсенал му дадат поддршка на Микел Артета и му понудат солиден буџет за трансфер на играчи во следните трансфер периоди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни