Поврзете се со нас

Македонија

Антиќ и Георгиевски добија функции во ФИБА и ФИБА Европа

Објавено

на

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски, добија еден вид потврда за својата добра работа изминатиот период и се назначени во комисии на ФИБА, односно ФИБА Европа.

Антиќ ќе биде член на натпреварувачката комисија на ФИБА, додека Георгиевски ќе биде член на истата комисија во рамките на ФИБА Европа.

Ова се одлуките на Централниот одбор на Светската кошаркарска федерација, по кои Антиќ и Георгиевски во иднина ќе бидат дел од комисиите кои одлучуваат за многу важни прашања за светската и европската кошарка.

Натпреварувачката комисија на ФИБА ќе биде составена од четири поткомисии (машки репрезентации, женски национални тимови, младински репрезентации и клупски натпревари).

Комисиите на ФИБА имаат мандат од четири години, предмет на годишна потврда за нивното членство од страна на Централниот одбор и дејствува во консултативно својство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни