Поврзете се со нас

Англија

Анри за играчот кој е светска класа: Кога Халанд ќе исчезне, Де Брујне е повреден…

Објавено

на

Манчестер Сити остана непоразен на жешкото гостување кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па пред своите гледачи ќе се обиде да ја заокружи и затвори оваа битка со најтрофејниот клуб во ова натпреварување.

Секако тоа нема да биде лесна мисија, но за таа средба „граѓаните“ можат да добијат неколку засилувања, играчи кои не настапија во Мадрид што секако е голем плус за Пеп Гвардиола.

Меѓутоа во таа група не е оној кој според Тјери Анри ја влече, носи екипата во оваа сезона-тоа е Фил Фоден за кого има само комплименти.

-Што повеќе може да се каже за Фил Фоден оваа сезона, кога го нема Ерлинг Халанд или кога е повреден Де Брујне, тој носи се на свои плеќи. Сега е јасно дека зборуваме за играч од светска класа бидејќи е подготвен да го носи целиот тим на грб во најважните натпревари, -порача Тити за „Си-Би-Ес“.

Фоден во актуелнава кампања има 14 гола и 7 асистенции во ПЛ и 5 погодоци со 3 асистенции во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни