Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ги отвори картите за „Ел Класико“: Откри со која формација ќе настапи и потврди две засилувања

Објавено

на

Карло Анчелоти доби посакуван одговор од своите фудбалери по двата порази од Шериф и Еспањол, откако „кралевите“ испорачаа дури пет гола во мрежата на Шахтјор на гостувањето во Украина.

Победата на Реал од 0:5 беше најдобра подготовка за она што следи, односно големото „Ел Класико“ дерби кое на програмата е претстојниот викенд, или поточно в недела на „Камп Ноу“.

Гостите од Мадрид ќе пристигнат во Барселона со големи амбиции, а Анчелоти денеска во ексклузивното интервју за „Мовистар“ откри дека ќе може да смета на двајца важни повратници во првиот тим.

– Тимот е добар и се покомплетен. Ни се враќаат Карвахал и Азар и ќе можам да сметам на нив за мечот со Барселона. Имавме ситни проблеми по мечот со Шахтјор, но сега брзо ги решаваме и ќе стигнеме најдобро подготвени за „Ел Класико“, – гласи првата најава на Анчелоти за големата пресметка.

– На овој натпревар ќе играме како што знаеме, како што тоа го правиме обично. Ќе играме со 4-3-3 формација. Кога можеме да одиме по прав пат, зошто да не го правиме тоа. Најдобро е да се избегнат кривините. Натпреварите против Барса се секогаш тешки и очекувам такво нешто. Тешко ќе биде и за нив, – потенцира Дон Карло кој има само добри зборови и за Куман.

– Сметам дека Куман е добар тренер. Отидов во Евертон после него и сите ми зборуваа само добри работи. Не го познавам многу, но знам дека сега се соочува со потешкотии. Во Барселона е тежок период, со промена на многу играчи, а тој сметам дека добро се справува, – заклучува Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни