Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Сакам „машка игра“ од Вардар, можеме да го победиме Флензбург

Објавено

на

Вардар скоро еден месец нема одиграно меч во Лигата на шампионите, но тоа утре ќе се смени затоа што „црвено-црните“ го пречекуваат бундеслигашот Флензбург.

Германскиот тим има одлично на почетокот на оваа сезона, забележа победи против Кјелце, ПСЖ и Порто, во подобра натпреварувачка форма е од Вардар, но нашиот претставник нема намера лесно да се предаде и ќе направи се за да позитивно го реши дуелот кој се игра во СЦ „Јане Сандански“.

-Средба со Фленсбург, прв за нас на домашен терен во ЛШ за оваа сезона. Знаете дека цел месец немаме одиграно официјален натпревар, Фленсбург е во предност бидејќи е во натпреварувачки ритам, форма. Ние цел месец тренираме и се обидовме да одиграме две пријателски средби. Она што очекувам без разлика на се, една машка борбена игра од наша страна. Добро ги анализиравме, не сме без шанси против Флензбург без разлика што тие го победија ПСЖ на гостински терен и не знаат за пораз во досегашниот тек.

-Играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од овој натпревар. За мене е многу важно тимот да биде подобар од она наше последно издание во Мешков. Имаме шанси да се радуваме на крајот. И тие има свои проблеми, со повредени играчи, немаат преголема ротација, но мала предност е што моментно се во подобра натпреварувачка форма. Ама тоа не значи дека ние нема да направиме се за да стигнеме до победата, -истакна тренерот Стевче Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни