Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за следниот ривал: Чекам одмазда од минатата година

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас се прикажа во брилијантно издание против Фелис Оже Алијасим и не му даде никаква шанса на Канаѓанецот, па така Шпанецот за 77 минути игра се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс.

Во оваа фаза за ривал ќе има еден „стар должник“ од минатата година, односно Унгарецот Фабијан Марожан од кого загуби на Мастерсот во Рим со 2:0 по сетови.

Алкарас призна дека доста тешко го прифатил тој пораз и потајно посакувал нова средба со Марожан, нешто што ќе го добие во текот на утрешниот ден.

– После поразот од Марожан во Рим, се чувствував навистина лошо. Веднаш откако го одигравме последниот поен во рим, сакав одмазда против него.

– Тој игра одличен тенис во последно време, победува подобро рангирани тенисери последните неколку месеци. Имам голема желба да играм против него и се надевам дека ќе продолжам да го креват моето ниво, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни