Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Тешко е да се најде слабост во играта на Ѓоковиќ, сакам финале на Вимблдон

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Првиот светски рекет, Карлос Алкарас се надева на квалитетен настап на Вимблдон или поточно третиот грен слем за оваа 2023 година.

Шпанецот можеби е прв носител и прв на АТП листата, но дефинитивно фаворит за пехарот во Лондон е Новак Ѓоковиќ и тоа добро го знае талентираниот ас кој е предводен од Хуан Карлос Фереро.

-Би рекол дека сите се под притисок. Не само јас, туку сите што треба да играат што е можно подобро три часа на Грен слем. Морам да се носам со тоа, но тоа е нешто што го сакам. Се надевам дека ќе играм финале со Новак.

-Го започнав Квинс без очекувања дека ќе победам и го освоив. Одлично е да се игра на толку високо ниво. Мојата самодоверба многу порасна. Моите очекувања се големи. Мислам дека ќе можам да ги ставам другите играчи под притисок, вклучувајќи го и Ѓоковиќ. Дојдов на Вимблдон со голема самодоверба мислејќи дека можам да направам добар резулта. Сепак, според мене главен фаворит е Ѓоковиќ, -рече Алкарас кој даде комплименти за играта на Србинот.

-Ги прави работите многу, многу лесно. Навистина добро се движи. Исто така добро удира, многу чисто. Има чист удар. Мешавина од се. Би рекол дека не прави ништо лошо. Тешко е да се најде слабост во неговата игра, -заклучи Карлос кој на стартот ќе се соочи со Жереми Шарди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни