Поврзете се со нас

АТП

Алкарас стигна до финалето во Квинс, повторно му се „смешка“ првото место на АТП листата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/carlosalcaraz

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас е вториот финалист на АТП турнирот во Квинс кој е една убава подготовка, генералка пред престојниот трет календарски грен слем-Вимблдон.

Алкарас во денешното полуфинале славеше над Себастијан Корда со 6-3, 6-4, па ако утре слави над Алекс Де Минор повторно ќе се врати на првото место на АТП листата.

Ова за Карлос е прв финале во Квинс, поточно овонеделните партии покажуваат дека се подобро игра и на трева што значи дека може да биде опасен на Вимблдон каде исто може да ја има улогата на прв носител ако утре ја освои титулата на турнирот од серијата 500.

Алкараз и Де Минор досега се имаат соочено само еднаш и тоа минатата година во Барселона каде Шпанецот издвојува тешка победа од 6-7(4), 7-6(4), 6-4.

Кога се во прашање значајните турнир, Александер Бублик и Андреј Рубљов ќе ги одмерат силите за пехарот во Хале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни