Поврзете се со нас

АТП

Алкарас ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас не успеа да ги надмине проблемите со повредата која го измачува и нема да настапува на годинешниот Мастерс во Монте Карло.

Шпанецот до последен момент се обидуваше да обезбеди зелено светло од својот лекарски тим за настап во кнежевството, но ќе го пропушти Мастерсот кој се игра на земјена подлога.

– Работев во Монте Карло и се обидував да закрепнам до последен момент од повредата на десната рака, но тоа беше невозможно и нема да играм.

– Се надевам дека брзо ќе се вратам, се гледаме следната година, – им порача Алкарас на фановите на турнирот во Монте Карло и тоа преку својот Инстаграм профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни