Поврзете се со нас

Европски првенства

Адетокумбо не можеше да ги скрие солзите по поразот од Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Грција не успеа да ја мине четвртфиналната пречка на Европското првенство, односно загуби од домаќинот Германија со 107-96 во вечерашната битка во Берлин.

Германците беа порасположени за игра, уфрлија многу шутеви од далечина (17 тројки) и заслужено обезбедија полуфинале во кое силите ќе ги одмерат со Шпанија која нешто порача денеска ја надигра Финска.

Тешко им падна овој пораз на Грците, а најнеутешен беше Костас Адетокумбо. Некогашниот играч и шампион со Лос Анџелес Лејкерс не можеше да го сокрие солзите или поточно во оваа ситуација не помогна ниту неговиот брат Танасис кој се обидуваше да го утеши.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни