Поврзете се со нас

АТП

Зверев го надигра Ѓоковиќ во Торино, па му испрати моќни зборови на Србинот од теренот (Видео)

Објавено

на

Александер Зверев ја доби големата и тешка битка со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино, па денеска тој ќе се бори за титулата на завршниот Мастерс турнир во финалето во кое противник ќе му биде Данил Медведев.

Во нависитна тесен и неизвесен меч, младиот Германец славеше со 7:6, 4:6 и 6:3, па откако го повтори успехот од нивната меѓусебна пресметка и на Олимписките игри, популарниот Саша одлучи да излезе со зборови кои имаат голема тежина кога се комплиментите во прашање.

– Мора да кажам една работа, бидејќи за мене нема човек кој треба повеќе да се почитува од Новак во целиот свет. Тоа е моето мислење.

– Од каде дојде, од каде почна, што оствари, тој според мене е најголем играч на сите времиња, а луѓето понекогаш го забораваат тоа. Сите треба да го почитуваат веќе еднаш, – порача Зверев веднаш по мечот, а потоа на пресот нагласи дека власта во Австралија треба да направи исклучок и да му дозволи на Новак да игра без вакцина.

– Се надевам дека Новак ќе може да игра. Јас сум трет во светот, ако тој не игра, полесно е да се освои турнирот, но тој е број еден и мора да биде таму. Се надевам дека владата во Австралија ќе направи некој исклучок или било што друго за тој да биде таму, – додаде Саша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни