Поврзете се со нас

АТП

Зверев го изненади амбициозниот Алкарас за полуфинале на Аустралијан Опен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Александер Зверев е последниот, четврти полуфиналист на Аустралијан Опен, по убедливата победа над Карлос Алкарас со 3:1 во сетови.

Шпанецот влезе како фаворит во дуелот со поискусниот Зверев, но имаше меч кој ќе сака што побргу да го заборави.

Првиот сет го најави фуриозниот Зверев со убедливи 6:1, а во вториот Саша издоминира во финишот правејќи два брејка за 6:3 и голема предност за шок во боксот на Алкарас.

Зверев прв направи брејк и во третиот сет, сервираше за полуфинале, но Алкарас успеа да се врати со брејк и извлече тај-брејк, кој и го освои за да остане во игра.

Сепак, Зверев го доби следниот сет со 6:4 за конечна победа и полуфинале со Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни