Поврзете се со нас

Светски првенства

Вооружен напад со жртви во Оукленд ги потресе учесниците на СП, женскиот мундијал започна според планот

Објавено

на

Светското фудбалско првенство во женска конкуренција започна денеска, а репрезентациите кои ќе настапуваат во Нов Зеланд утринава биле сериозно потресени од случувањата во близина на стадионот каде веќе се игра и првиот натпревар.

Неименувано лице упаднало на локација каде се гради зграда и убило најмалку две лица, по што напаѓачот бил застрелан од полицијата која пристигнала на местото.

Учесниците на мундијалот потврдиле дека биле шокирани од инцидентот, но се чувствувале безбедни во своите хотели, додека ФИФА потврди дека програмата на Светското првенство ќе се одвива според предвидениот план.

Претседателот Џани Инфантино имал средба со претставници на Нов Зеланд и од неа заклучокот е дека се работи за изолиран инцидент кој не е поврзан со мундијалот, па затоа и нема да има никакви одложувања.

ФИФА изрази сочувство до семејствата на убиените и најави дека ќе има минута молчење пред секо натпревар во чест на загинатите.

Мундијалот е отворен со дуелот меѓу кодомаќинот Нов Зеланд и Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни