Поврзете се со нас

Германија

Вистински хит на трибините: Реакцијата на Халанд по фудбалската бравура на Санчо за победа на Борусија (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмун го круниса Баерн Минхен како старо-нов шампион во Бундеслигата откако го победи Лајпциг со 3:2, триумф кој сепак е од огромно значење и за „милионерите“ кои избија на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Повеќе од јасно е дека пласман во најелитното натпреварување е главна цел на Борусија и тоа менува многу нешта кога е во прашање планификацијата за наредната сезона, а се верува дека само така ќе може да се задржи најголемата ѕвезда во тимот.

Ерлинг Халанд поради повреда не може да им помогне на своите соиграчи на најважните натпревари во Бундеслигата, но затоа со многу емоции и страст ги доживува случувањата на теренот, за што доказ е и неговата реакција по победничкит гол на Санчо.

Норвежанецот трепереше на трибините и со огромна возбуда ја проследи бравурата на Санчо пред да погоди за 3:2, а по крајот на мечот, се симна на теренот и лично му честиташе на својот соиграч за генијалниот потег и херојскиот погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни