Поврзете се со нас

Македонија

ВФМЛ: Разиграниот Вардар сигурно до четврта победа во низа

Објавено

на

По ремито со Детонит, Вардар влезе во посакуван ритам и се врати на вистински пат, а потврда за тоа е четвртата победа во низа во Втората македонската фудбалска лига.

Избраниците на Грнчаров без проблеми се справија на гостувањето кај Каменица Саса и победија со убедливи 0:3, резултат со кој останаа на врвот на табелата.

Со новата победа, Вардар ја потврдува својата кандидатура за влез во Првата лига по големото разочарување минатата сезона, а во прилог им оди добрата игра во нападот и натпреварите со доста постигнати голови.

Мицевски, Јаневски и Жоглев беа стрелци на погодоците во триумфот од 0:3, кој прави Вардар да има 19 бода на првенствената табела, два повеќе од Воска Спорт.

ВФМЛ резултати:

Беса – Тетекс 6:1

Каменица Саса – Вардар 0:3

Гостивар – Беласица 0:0

Борец – Охрид 1:2

Караорман – Арсими 2:0

Воска Спорт – Слога Виница 3:0

Детонит – Пелистер 1:0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни