Поврзете се со нас

Свет

Верати става крај на приказната со ПСЖ и се сели во Катар

Објавено

на

Марко Верати повеќе од една деценија ги брани боите на Пари Сен Жермен и е играч со најдолг стаж во клубот од сегашниот играчи кадар, ама секоја приказна има почеток и крај, па така и оваа на Италијанецот со францускиот првак.

Тој не е во плановите на тренерот Луис Енрике и тоа јасно му беше соопштено, но ниту еден клуб од Европа и Саудиска Арабија не ги исполни барањата на ПСЖ за реализација на негов трансфер. Меѓутоа има други земји во кои трансфер прозорците се отворени и тоа ќе биде искористено за Верати да се пресели во Катар.

Играчот за врска оди во Ал Араби кој за него ќе издвои дури 45 милиони евра. Се очекува трансферот да биде официјализиран и Верати да позира со дресот на новата екипа.

Италијанецот во досегашната кариера има настапувано уште за Пескара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни