Поврзете се со нас

Светски првенства

Венгер со игра на зборови ги „поздрави“ Германците за елиминацијата во групната фаза

Објавено

на

Германија без никаков сомнеж е најголемото разочарување на 22-то Светско фудбалско првенство, бидејќи „панцирите“ очигледно не ја научија лекцијата од пред четири години и повторно испаднаа во групната фаза.

Разочарувањето во целата германска јавност е огромно поради тоа што оваа селекција секогаш влегува како еден од главните фаворити за највисок пласман, но дека Ханси Флик и цел стручен штаб ќе мора да се занимава со анализи и прегледи на лошите изданија, Арсен Венгер како претставник на ФИФА не пропушти да ги „пецне“ за нивните политички потези на мундијалот.

Легендарниот француски стручњак работи во ФИФА како човек кое е задолжен за равој на фудбалот, а во својата анализа за досегашниот мундијал, не пропушти да ги „поздрави“ Германците за нивните политички активности и револтот кој го демонстрираа на теренот при излегувањето на првиот меч против Јапонија.

– Најголемите селекции досега беа на ниво, но имаше некои и кои настрадаа. Оние кои играа добро во првото коло, потоа имаа малку потешкотии, но успеаја да се најдат во осминафиналето. Селекции како Франција, Англија и Бразил одиграа многу добро во првиот меч.

– Тие селекции се фокусираа на турнирот и на фудбалските случувања, а не на демонстративни политички пораки како некои други, – изјави Венгер, јасно алудирајќи на Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни