Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Гал во елемент: Селекторот го украде шоуто со своите потези по пласманот во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Луи Ван Гал водеше битка со рак до пред само неколку месеци и пред извесно време откри дека успешно одговорил на хемотерапијата и радиотерапијата, а добиената борба со тумор на простата очигледно прави да биде уште порасположен на Светското првенство.

Искусниот холандски стручњак ја одведе својата национална селекција во четвртфиналето на мундијалот во Катар, но мора да се напомене дека посебно издоминира со своите постапки по крајот на мечот.

„Лалињата“ ја победија Америка со 3:1 и најдобар играч на мечот беше Дамфрис од Интер, кој на прес-конференцијата по натпреварот доби бакнежн од својот селектор.

– Јас го бакнував вчера и завчера на тренинзите, а сега како најдобар, ќе го бакнам и тука пред сите вас, – изјави Ван Гал, кој ги изнасмеа новинарите.

Легендарниот стручњак сепак не застанал тука, па имал свое шоу и при пристигнувањето во тимската база, односно во хотелот во кој е сместена селекцијата во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни