Поврзете се со нас

Свет

Уникс запиша втора победа, Нено повторно блескаше

Објавено

на

Foto:unics.ru

По двенеделна пауза, возбудувањата во ВТБ лигата се вратија со меч на актуелниот шампион, кој ова попладне покажа дека е класа за себе во ова регионално натпреварување.

Уникс Казањ на нашиот Ненад Димитирјевиќ играше против белоруски Минск на гостински терен, а на крајот оствари победа остварена со речиси двојно повеќе поени постигнати од ривалот.

Актуелниот шампион на ВТБ лигата славеше со 97:49 и тренерот на Уникс имаше можност да им даде шанса на сите свои играчи, па така Нено не форсираше и одигра 20 минути.

Во овој период, нашиот кошаркар беше најдобар поединец на теренот и постигна 12 поени, а притоа запиша и пет асистенции и три скокови.

Уникс во првото коло во новата сезона го победи Локомотив, па така го запиша вториот триумф на стартот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни