Поврзете се со нас

Супер Куп

УЕФА отиде чекор напред, натпреварот од Супер купот ќе се игра пред публика

Објавено

на

Од УЕФА предмалку потврдија дека натпреварот од Суперкупот ќе се игра пред публика.

На истиот ќе се сретнат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, Баерн Минхен и Севилја и ќе се игра во септември.

Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука натпреварот во Будимпешта да се игра пред 30% исполнет стадион и истиот ќе претставува испит за тоа како треба да изгледа играњето на натпревари пред публика.

Останатите натпревари кои се организираат под капа на УЕФА, а кои се  во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе се играат пред празни трибини.

– Она што беше важно е да се покаже дека фудбалот може да се игра и во тешки времиња, но без публика се загуби карактерот на играта.

– Се надеваме дека Супер купот во Будимпешта ќе биде пилот проект и ќе биде почеток на гледањето на фановите назад на натпреварите.

– Работиме заедно со унгарските власти за да се имплементираат мерките за да се обезбеди здравјето на сите присутни на натпреварот. Нема да преземаме ризици со здравјето на граѓаните, -стои во соопштението од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни