Поврзете се со нас

Франција

Тулуз избори реми во финишот, ПСЖ и натаму без триумф

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе се врати во составот на ПСЖ, влезе во второто полувреме и реализираше пенал, но неговиот тим не успеа да го победи Тулуз (1:1).

Гостите стигнаа до водство во 62. минута со гол од белата точка, пенал реализиран од повратникот Мбапе, а таа предност ПСЖ ја имаше до финишот.

Сепак, упорниот Тулуз успеа да израмни и тоа од пенал преку Абуклал во 87. минута, а тој гол беше доволен за важно реми против шампионот.

ПСЖ и натаму е без победа во ерата на Луис Енрике, бидејќи во првото коло ремизираше без голови против Лориен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни