Поврзете се со нас

Англија

Тухел со критики за свој фудбалер: Не смее да го прави тоа

Објавено

на

Челси вчера успеа да го победи Лестер, но домашниот тим тоа го направи на потешкиот начин, бидејќи играше со фудбалер помалку од 28. минута.

Причина беше тоа што Конор Галахер заработи два жолти картони за само неколку минути и ги остави соиграчите на цедило, нешто што не му се допадна на менаџерот Томас Тухел.

– Не можете да стартувате вторпат на таков начин ако претходно сте заработиле жолт картон.

– Стартот беше чист жолт картон и направи противникот да има предност на теренот.

– Не гледам логика да направи таков старт и да донесе таква одлука, – рекол Тухел кој сигурно ќе има што да му каже на 22-годишниот фудбалер и следниве денови.

Челси победи благодарение на двата гола на Рахим Стерлинг.

Стерлинг со мајсторски погодок ја најави важната победа на Челси (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни