Поврзете се со нас

Англија

Стерлинг со мајсторски погодок ја најави важната победа на Челси (Видео)

Објавено

на

Рахим Стерлинг му го спаси денот на Томас Тухел, постигнувајќи ги првите голови во дресот на Челси во вистински момент и за победа над Лестер.

Лондонскиот клуб во 28. минута остана без исклучениот Галахер, но сепак прв стигна до предност во вториот дел.

Стерлинг првпат реализираше во дресот на Челси во 47. минута и тоа го направи на атрактивен начин, носејќи голема радост за фановите на „сините“.

Петнаесетина минути подоцна Стерлинг погоди и вторпат, а Лестер до крајот само намали преку Барнс за конечни 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни