Поврзете се со нас

Свет

„Тројка“ на Пешевски, Миркуловски и Вецлар им се вратија на победите

Објавено

на

Македонските репрезентативци, Жарко Пешевски и Филип Миркуловски запишаа нови настапи во Бундеслигата, а нивните екипи Штутгарт и Вецлар забележаа различни резултати на пресметките против Ерланген, односно Лајпциг.

Штутгарт доживеа пораз од Ерланген од 27-25 и тоа откако одигра лошо во вторите 30 минути кои ги загуби со 16-12 што беше доволно за пресврт победа на гостите. Пешевски одново беше на ниво и беше автор на три голови од четири погодоци.

Вецлар пак ја прекина серијата од три порази во шампионатот со славје над Лајпциг од 29-26. Домаќините беа подобар тим како во првото така и во второто полувреме и сосема заслужено дојдоа до три бода.

Ветеранот Миркуловски немаше учинок кога се во прашање головите. Вецлар со 38 бода е на 10 позиција, Штутгарт со 29 поени го држи 14 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни