Поврзете се со нас

Свет

Трагедија во Алжир: Млад фудбалер почина како последица на удар од противнички дефанзивец (Видео)

Објавено

на

ФИФА и УЕФА со години наназад работат на подобрување на целата инфраструктура и самата организација на најелитните натпревари, но за жал и во денешно време се играат натпревари кои не ги исполнуваат сите потребни услови за мирно вршење на работата.

Последен доказ за тоа ни доаѓа од младинската лига во Алжир на натпервар на екипи до 18 години, кој за жал се покажал како последен во животот за 17-годишниот Васим Јазар.

Младиот фудбалер кој бил член на Вади Ел Ма добил навидум обичен удар во пределот на стомакот од противничкиот дефанзивец, па иако во прв момент изгледало дека не се работи за посериозна работа, ситуација брзо излегла од контрола.

17-годишниот фудбалер паднал во бессознание и загубил свест веднаш по добиениот удар, а поради тоа што немало амбулантно возило и опрема за реанимација во близина на теренот, тој бил префрлен во болница со обичен автомобил.

Како што јавуваат медиумите од Алжир, Јазар бил донесен во болница во критична состојба, но после 10-дневна борба, лекарите ја загубиле битката за неговиот живот.

Алжирската фудбалска Федерација излезе со официјално соопштение за трагичната смрт на младиот фудбалер и изрази сочувство до семејството, но во истото не се откриени причините за фаталниот исход.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни