Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ доживеа убедлив пораз од Горица во АБА2 лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://druga.aba-liga.com/

Кошаркарите на ТФТ претрпеа убедлив пораз од Горица од 83-64 во првиот меч од новиот „балон“ во АБА2 лигата.

Причината за овој резултат е катастрофалното издание на македонскиот претставник во вториот период, четвртина која ја загубија со 29-9. По ова стана јасно дека избраниците на Боро Смилковски тешко ќе можат да се вратат во игра, па на крајот сосема заслужено го претрпеа осмиот пораз во ова натпреварување.

Со ова ТФТ официјално ги загуби сите шанси за пласман во плејофот. Батрик со 14 поени и 6 скока беше најдобар поединец кај клубот од Тафталиџе, додека Цинац беше лидер на Горица со 19 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни