Поврзете се со нас

Светски првенства

Терим избра само еден играч во Топ 3 на СП во Катар

Објавено

на

Легендарниот турски тренер Фатих Терим бил гостин на ФИФА на СП во Катар и вели дека е презадоволен од организацијата на последниот мундијал.

Медиумите биле позаинтересирани за неговата оценка за фудбалерите кои настапија, а Терим направил јасен избор. Дури решил да го вклучи истиот играч на сите Топ 3 позиции.

– Прашањето за играч на првенството е лесно. Меси е на прво, но и на второ и трето место.

– Тој е најдобриот фудбалер последните 50 години и беше далеку пред другите во Катар.

– Го видов првпат кога имаше 17 години и уште тогаш се гледаше дека таков играч се раѓа на 2-3 генерации. Аргентина има состав со големи борци, но немаше да ја освои титулата без Меси, – вели Терим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни