Поврзете се со нас

Англија

Судијата кој му удри лакт на Робертсон се враќа на премиерлигашките обврски

Објавено

на

Фудбалскиот судија Константин Хацидакис се промовираше меѓу фудбалските фанови со невообичаениот „дуел“ со ѕвездата на Ливерпул, Енди Робертсон, а сега им се враќа на вообичаните обврски без никаква санкција.

Хацидакис беше под истрага на судиската комисија во Премиер лигата по обвинувањето од Робертсон дека го удрил со лакт на полувремето на дербито меѓу Ливерпул и Арсенал, нешто што беше потврдено со видео снимка.

Сепак, одговорните решија да не доделат никаква казна за судијата на кој му се закануваше долга суспензија и нема пречки тој да се врати во улогата на асистент, нешто што ќе биде реалност на дуели во Премиер лигата и Чемпионшип.

Во меѓувреме, судијата откри дека имал разговор со Робертсон преку платформата „Зум“ и му се извинил на фудбалерот за непријатната ситуација.

Во вторник тој ќе биде дел од ВАР собата во пресметката на Лидс и Лестер, две екипи кои се борат за опстанок во Премиер лигата, додека Хацидакис ќе биде асистент на теренот на натпреварот меѓу Престон и Блекбурн од втората англиска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни