Поврзете се со нас

СЕХА лига

Стоилов: Нексе е екипа за почит, но со помош на навивачите можеме да ги победиме

Објавено

на

Пред ракометарите на Вардар 1961 е првиот предизвик во оваа сезона и тоа во рамките на СЕХА лигата каде ќе се соочат со Нексе.

Дуелот од четвртфиналната рунда се игра утре во вечерниот термин 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, а капитенот Стојанче Стоилов се надева дека со помош на публиката, полни трибини ќе можат да го совладаат хрватскиот претставник кој е доста добра екипа.

-Форматот е таков, се игра еден натпревар кој го играме на домашен терен. Се работи за противнико кој добро го знаеме, долго време играме со нив. Не го менуваат ростерот, имам голема почит кон нив, тврда екипа. Тоа е тим кој минатата сезона не го победивме.

-Ама се игра еден натпревар, мислам дека имаме сили да ги победиме. Имавме лимитирано време за подготовка, се надевам на полна сала и заедно со навивачите ќе се обидеме да ги победиме, порача Стоилов.

Недановски: Нексе е добар тим, една работа најмногу ме загрижува

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни