Поврзете се со нас

СЕХА лига

Недановски: Нексе е добар тим, една работа најмногу ме загрижува

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 одигра неколку мечеви на турнирот во Струга кој на крајот го заврши на четвртата позиција, но тоа е веќе зад „црвено-црните“ кои веќе утре ги очекува првиот официјален предвивик во кампањата, битката со Нексе во СЕХА лигата.

Ова е еден меч и победникот ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Задар. Ситуацијата во Вардар е добра позната, а тренерот Владо Недановски се надева дека неговите избраници ќе го дадат максимумот против тим кој е многу квалитетен и кој пред неколку месеци играше на турнирот на најдобрите екипи во Лига Европа.

-Турнирот во Струга го искористивме како дел од подготовките за периодот што следи, прво за дуелот со Нексе. Имавме добри и лоши моменти, сите играчи добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар, кои не можат. Нексе е добар тим кој пред неполни два месеци играше „фајналфор“ во Европската лига, тоа не е случајно.

-Ростерот е речиси ист, се работи за воигран состав, не се менува, нема потреба да менува затоа што игра добар ракомет. Ние скоро секоја година играме со нив по два натпревари, оваа сезона двапати губевме од нив. Анализата е направена, немавме премногу видео-материјал бидејќи играа натпревари од затворен тип. Се надевам на добар резултат на утрешниот дуел.

-На дуелите во Струга имавме моменти кога игравме добро во нападот и одбраната, ама ротацијата најмногу ме загрижува. Мораме да бидеме искрени сезонава, имаме играчи кои не добивале воопшто минутажа во минатите сезони, не биле ниту во состав, а сега целиот товар во напад и одбрана останува на нив. Мора да имаме трпение сите за овој тим да расте, да се даде шанса, поддршка на тие момци за кои сметам дека имаат потенцијал да прикажат многу повеќе, -заклучи Недановски.

Средбата Вардар-Нашице се игра утре со почеток во 20.15 часот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни